Skip Global Navigation to Main Content
Skip Breadcrumb Navigation
Turn Admin On!
Служба за неимигрантски визи

Визи за Соединетите Американски Држави

Услуги за неимигрантска виза - само со закажување на интервју.

Интервјуата се реализираат во претпладневните часови секој понеделник, среда и петок. Македонските државјани треба да имаат неимигрантска виза за да влезат во Соединетите Американски Држави. За да се квалификувате за неимигрантска виза вие треба да му докажете на конзулот дека имате живеалиште кое немате намера да го напуштите и дека имате намера да влезете во САД само за одредено време и ќе извршувате активности само за таа цел за која ви е издадена визата.

Овие фактори обично се утврдуваат врз основа на прикажување на добро и долготрајно вработување, сериозен бизнис или други цврсти семејни врски или социјални и културолошки активности кои ќе укажат на цврсти причини за вашето враќање во местото на живеење.

Како да се поднесе молба за неимигрантска виза

PDF читач

  • Бесплатната верзија на PDF читач
    Бесплатната верзија

    Сите документи на оваа страница се достапни во PDF формат. За да ги видите овие документи мора да имате инсталирано PDF читач на документи на вашиот компјутер. Бесплатната верзија може да ја превземете со кликање на линкот погоре.