Распоред на празници
Празници 2013
| Број | Месец | Ден | Американски и македонски празници |
|---|---|---|---|
| 1 | 1 јануари | вторник | Нова Година |
| 2 | 7 јануари | понеделник | Православен божиќ (M) |
| 3 | 21 јануари | понеделник | Роденден на Мартин Лутер Кинг, помладиот (САД) |
| 4 | 18 февруари | понеделник | Роденденот на Вашингтон (САД) |
| 6 | 1 мај | среда | Денот на трудот (M) |
| 5 | 5 мај | недела се поместува за понеделник, 6 мај | Православен велигден (M) |
| 7 | 24 мај | петок | Ден на Св. Кирил и Методиј (M) |
| 8 | 27 мај | понеделник | Меморијален ден (САД) |
| 9 | 4 јули | четврток | Ден на независноста (САД) |
| 10 | 2 август | петок | Ден на Илинденското востание (M) |
| 11 | 8 август | четврток | Рамазан Бајрам (M) |
| 12 | 2 септември | понеделник | Ден на трудот (САД) |
| 13 | 8 септември | недела се поместува за понеделник, 9 септ. | Ден на независноста на Република Македонија (M) |
| 15 | 11 октомври | петок | Ден на востанието против фашизмот(M) |
| 14 | 14 октомври | понеделник | Ден на Колумбо (САД) |
| 16 | 23 октомври | среда | Ден на македонската револуционерна борба (M) |
| 17 | 11 ноември | понеделник | Ден на ветераните (САД) |
| 18 | 28 ноември | четврток | Ден на благодарноста (САД) |
| 19 | 8 декември | недела се поместува за понеделник, 9 дек. | Ден на Св. Климент Охридски (M) |
| 20 | 25 декември | среда | Божиќ (САД) |
Кога еден македонски празник се паѓа за време на викенд, Владата на Република Македонија обично неколку дена пред празникот ја информира јавноста дека празникот ќе се одбележи на друг ден. Доколку се случи ова, одговорните лица во амбасадата ќе ги информираат вработените на Мисијата, одговорното лице во менаџментот и одговорното лице на канцеларијата надлежна за оваа земја.
Вработените што бараат слободно време за слават некој од верските празници наведени подолу треба да користат ден од годишниот одмор и/или ден од слободното време собрано како компензација за прекувремено работење, и тоа согласно 3ФАМ 3465. Лицата одговорни за одобрување на слободни денови се поттикнуваат да бидат либерални и да им дозволат на вработените да ги чествуваат нивните верски празници, кога условите на работата овозможуваат такво нешто. Компензационото слободно време, неплатеното прекувремено работење, или да се работи еден празник за размена на друг се дозволува според правилата на ФАМ. Доколку имате прашања во врска со постапките за барање на одмор за верски празници, ве молиме контактирајте ја Канцеларијата за човечки ресурси.
Следниве празници се празници на верските и етничките заедници одобрени од македонската влада само за припадниците на тие специфични вери или етнички заедници.
Амбасадата работи за време на редовното работно време. Вработените може да побараат одмор согласно постапките наведени погоре.
Православни верски празници:
- 6 јануари - Бадник – Божиќ (за припадниците на Православната вероисповест);
- 19 јануари – Водици Богојавление (за припадниците на Православната вероисповест);
- 3 мај – Велики Петок (петокот пред православниот велигден - за припадниците на Православната вероисповест);
- 21 јуни – петокот пред Духовден (за припадниците на Православната вероисповест);
- 24 јуни - Духовден – празник на сите Светци (за припадниците на Православната вероисповест);
- 28 август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (за припадниците на Православната вероисповест);
Католички верски празници:
- 31 март и 1 парил – Велигден и Велигденскиот понеделник (за припадниците на Католичката вероисповест);
- 1 ноември – Празник на сите Светци (за припадниците на Католичката вероисповест);
Муслимански верски празници:
- 15 октомври – Курбан Бајрам, првиот ден од Курбан Бајрам (за припадниците на муслиманската вероисповест)
Еврејски верски празници:
- 13 септември – Јом Кипур (за припадници на еврејската вероисповест);
Празници за етничките заедници:
- 27 јануари – Света Сава (за припадниците на српската заедница);
- 8 април – Меѓунароен ден на Ромите (за припадниците на ромската заедница);
- 23 мај – Национален ден на Власите (за припадниците на влашката заедница);
- 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците (за припадниците на бошњачката заедница);
- 22 ноември – Ден на албанската азбука (за припадниците на албанската заедница);
- 21 декември- Ден на турскиот јазик (за припадниците на турската заедница);